Blog
Sorry, but nothing was found. Please try a search with different keywords.

Почитувани родители, со огромно задоволство и чест Ве покануваме да се придружите на online настанот на тема: ,,Справување на децата со посебни потреби и нивните семејства во услови на пандемија со вирусот COVID-19″кој ќе се одржи со цел заедно да го одбележиме Светскиот ден на лицата со посебни потреби кои се срце и душа на нашето секојдневие.
Настанот ќе се одржи на: 3ти декември (четврток) со почеток во 17h преку Zoom платформатаВо прилог e споделeн линкот кој ќе ве одведе до настанот.

Секции
Креативна секција
Во креативната секција членуваат ученици од нижите и вишите одделенија
Секогаш може да учестуваат различни ученици (врз основа на интересот што го имаат)
Со активностите на оваа секција учениците искуствено се запознаваат и применуваат сет од креативни, интерактивни методи и техники на комуникација на теми од животот на учениците и заедницата. Ваквиот начин на креативна работа може да се примени во редовната настава, или како дел од вон-наставните активности (секции) на училиштето или надвор од него. ( Во соработка со организирање на креативни работилници со ученици од други училишта)
Основни претпоставки за успешна реализација на програмата во оваа секција се: интерактивност, тимска работа, игровност, поттикнувачка атмосфера, континуирана поддршка и признанија, еднакви можности за учество на секој учесник во секцијата (по сопствен интерес за одредени изработки).
Очекувани ефекти – подобрување на општата атмосфера за работа во креативната секција, развој на Еко свест, проширување на знаењата за Екологијата, градење нови релации, поттикнување на игровноста и креативноста кај учениците, самовреднување на нивните изработки. Социјалната компетентност, самодовербата, релаксирана атмосфера и позитивниот контакт меѓу учениците се меѓу најголемите придобивки од овој вид работа.
Ритмичко-балетска секција
Ритмичко-балетската секција планира и реализира активности преку кои учениците ја искажуваат својата способност за играње.
Основната намена на оваа програма е запознавање со разни ритмички движења, практична примена на научените ритмички игри, развој на чувството за естетика, тимска работа и развивање на натпреварувачкиот дух кај учениците. Оваа секција учествува на приредби кои се организираат за разни државни и училишни празници, културни манифестации, ТВ емисии, посети, натпревари и дружења со други училишта во нашата држава и надвор од неа. Преку нив се остваруваат дружења и социјализација на учениците.
Еколошка секција
ЕКО-СЕКЦИЈАТА има за цел учениците да се стекнат со знаења на теми од животната средина и истите да се применат во секојдневниот живот. За учениците се планирани најразлични ЕКО-АКТИВНОСТИ преку кои ќе се подигне еколошката свест на учениците за заштита на животната средина, подобрување на изгледот на околината во која учиме и работиме, грижа и чување на природните богатства и сл.
Спортска секција
Целта на спортските секции е учениците да усвојат одреден фонд на моторни знаења, умеења и навики, да се унапреди правилниот раст и развој, одржување и подобрување на здравјето, јакнење на спортскиот дух, примена на фер-плеј однесување и социјализација на учениците, развој и подобрување на психомоторните кондициските и способности, зацврстување на навиките за систематско вежбање и негување на телото, да овозможи на надарените ученици да напредуваат и да ги усовршуваат техниките во спортските игри, стекнување и развивање на морални особини, волја и карактер
Библиотекарска секција
Целта на оваа секција пред се е да се створи љубов кон книгата, чувство на одговорност за нејзини чување, желба за проширување на знаењата и запознавање со нови четива, раскази и песни.Во оваа секција учениците стекнуваат соодветни искуства од оваа област.Таа опфаќа размена и позајмување на книги во рамки на локалните училишта и установи.
Драмска секција
Драмската секција во нашата установа постои повеќе години наназад и во неа учествуваат ученици кои имаат одредени афинитети за глума.Учениците преку секцијата земаат учество во приредби и настани во организација на установата и имаат повеќе успешно изведени точки преку драматизации, скечеви ,пантомима. Постигнатите успеси позитивно влијаат врз нивната желба за работа и допринесуваат за развивање на поголем интерес кон драмскиот израз и глумата, преку која се зголемува емоционалната свест и социјалната интеракција.
Ликовна секција
Ликовнта секција ги опфаќа децата кои покажуваат посебен интерес кон ликовното творештво и желба ликовно да се изразуваат.
Творечките активности ги опфаќаат ликовните подрачја цртање,сликање,моделирање и дизајн.
Посебен акцент му се става на ликовното изразување во поглед на следење на ликовни конкурси и работилници и една од најзначајните ангажирања е во рамките на дизајнот на предмети поврзани со прослави и празници како и работа на ѕидни мурали и декоративни моменти.

Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола
Програма
за повеќе дневни активности по повод патрониот празник
11.04.2026 год.
работилница “Велигденско јајце” со ученици од ОУ “Коле Конински” – Битола
12.04.2026 год.
турнир во мал фудбал со ученици од редовните училишта
13.04.2026 год.
Отворен ден за родители(од 8-12 ч.)
18.04.2026 год.
Промоција на WEB страната на заводот
19.04.2026 год.
Ликовна работилница на тема “Ликот на Кочо Рацин”
20.04.2026 год.
Приредба по повод Патронатот на Заводот во 10 ч.
Коктел за гости, родители и вработени во 10.30 ч.
