
Во рамките на нашето училиште функционираат повеќе оддели кои нудат образовна, воспитна и рехабилитациска поддршка за деца со различни потреби. Секој оддел е приспособен да одговори на индивидуалните можности и потенцијали на секое дете.
Подготвителен оддел за деца од 3 до 6 годишна возраст со улога и на оддел за документација и едукативна иновација во процесот на инклузија: рехабилитација со цел делумна или целосна припрема за идна инклузија во редовниот воспитно образовен систем; за потешките случаеви, целосна припрема за специјално образование и стекнување статус на ученик во истото.
Oпфаќа работа со деца од предучилишна возраст , од 3 до 6 години, со кои се работи на рана рехабилитација на слушањето и говорот, како и реализирање на активности адаптирани и прилагодени на најраната возраст. Основната цел на подготвителниот оддел кај децата со оштетен слух е формирање на орално-гласовен говор, максимално искористување на слушните остатоци, со употреба на акустични помагала и создавање навика за говорна комуникација, користејќи ги остатоците на слух, да се запознаат со светот на звукот, физички и психички да се припремат за описменување и понатамошен тек на рехабилитацијата и едукацијата. Со давање на одредени предзнаења и преку игра да им се помогне на овие деца во понатамошниот развој.
Програмата опфаќа шест области и тоа :
1. Преку игра до говор
2. Вовед во математика
3. Артикулација на гласовите 4
4. Психомоторна реедукација
5. Креативно и естетско изразување и
6. Музички стимулации и ритмички вежби
Подготвителниот оддел „Сонце“ опфаќа работа на деца со аустистичен спектар и други проблеми во развојот, од 4 до 6 години со кои се работи на рана рехабилитација. Основна цел на овој подготвителен оддел е децата да се опсервираат, да се адаптираат, да се социјализираат и воспитуваат, да се стекнат социјални и комуникациски вештини и основни културно- хигиенски навики. Во програмата се опфатени неколку области и тоа:
– Преку игра до комуникација, оваа област опфаќа различни активности, припремни вежби, вежби за говорните органи, со цел за остварување на говорната комуникација и тоа преку наједноставен начин на комуникација преку игра.
– Преку игра до математика, во оваа област планирани се активности кои имаат за цел вовед во елементаарните математички знаења, развој на логичкото мислење и поттикнување на мисловните активности.
– Детето и околината, децатаа во оваа област се оспособуваат за стекнување знаења од секојдневниот живот.
– Психомоторна реедукација и физички вежби, тоа се склоп на вежби изведени од секојдневни движења на детето, а со цел за остварување на сензо- моторни и психо- моторни вежби.
– Креативно и естетско изразување, активностите во оваа област опфаќаат слободно, естетско и креативно изразување на децата.
– Музички стимулации и ритмички вежби, со овие активности се развива моториката кај децата преку формирање на осет за ритам и ритмички вежби, се оспособуваат да го идентификуваат звукот и ритамот.
Со децата се работи индивидуално, активностите се прилагодени и адаптирани според индивидуалните способности на децата и се реализираат преку игра.



Во нашето училиште се одвива воспитно-образовна и рехабилитациона дејност со која учениците стекнуваат знаења, умеења и навики потребни за нивното вклучување во средината во која живеат и учат. Кај нас доаѓаат деца кои имаат потешкотии во совладувањето на наставните содржини. Во нашето училиште учениците стекнуваат образование соодветно на нивните потреби и можности.
Наставниот процес во Заводот има свои специфичности и се разликува од оној во редовните училишта.Нашите ученици кај нас учат секој според своите способности и можности.
Наставата во Заводот се реализира од прво до деветто одделение според наставен план и програма одобрени од Бирото за развој на образование и Министерство за образование и наука.
Во одделот за образование и едукативно-функционална рехабилитација се реализираат програми за деца со посебни потреби во зависност од оштетувањето:
1.Програма за работа со ученици со оштетен слух (ЛИНК до програмата)
2.Програма за работа со ученици со успорен психички развој
(пониски интелектуални способности)(ЛИНК до програмата)
3.Програма за работа со деца кои имаат елементи на аутизам(ЛИНК до програмата)
Сите програми овозможуваат натамошно образование во средни училишта.
Наставата опфаќа:
-одделенска настава од 1-5 одд.(повеќе)Во повеќе слики од одделенска настава (Во наставата континуирано се спроведува рехабилитација на говорот и слушањето при што се користат современи сурдо-технички апарати и помагала и компјутери.)
-предметна настава од 6-9 одд.(повеќе)Во повеќе слики од кабинети за предметна настава
Наставата ја реализираат дефектолози- наставници стручно оспособени за работа со овие деца.Тие го следат индивидуалниот развој на учениците, им помагаат во учењето, ги мотивираат учениците да учат и секој ученик напредува и го постигнува својот максимум.За таа цел се користат посебни методи и форми на работа преку кои секој ученик ги усвојува наставните содржини и напредува спрема неговите индивидуални способности и можности.
Во текот на наставата владее меѓусебно почитување и сите ученици се прифатени подеднакво без разлика на нивните способности, пол, етничка припадност, религија и потекло.
Во текот на наставата освен стекнувањето на нови знаења и проширување на веќе стекнатите знаења, кај учениците се развиваат и јакнат позитивни особини како: соработка, другарство, меѓусебна почит, искреност, чесност, комуникативност, самокритичност.



Оддел за рехабилитација е поврзан со индивидуалните третмани како дел од нашата работа. и скоро нема никакви допирни точки со наставата. Одделот опфаќа шест кабинети, а се реализираат систем на програми наменети за дефектолошка дијагностика, рехабилитација на слушањето и говорот (аудиорехабилитација), воспитание и психосоцијална рехабилитација, логопедска, биофидбек, тифлолошка и друга терапија и тоа за ученици од припремните групи (три до шест годишна возраст), па се до деветто одделение.
Важноста на навременото превземање на хабилитациони и рехабилитациони мерки бара дијагноза и категоризација на децата со посебни потреби уште во периодот на најраното детство. За тоа е неопходна тимска работа и мултидисциплинарен пристап на дефектолози, лекари специјалисти, психолози, социјални работници и други стручни лица Нашиот оддел за индивидуални третмани и дефектолошка дијагностика има долгогодишна соработка со здравствените установи и сме дел од комисиите за категоризација. Високо стручниот кадар во ремедијалниот оддел е со долгогодишно искуство во работата со деца со посебни потреби. Го пратиме индивидуалниот развој на секое дете и помагаме неговиот напредок во воспитно образовниот процес и интеграцијата во животната средина.
Кабинет за биофидбек терапија со апарат со соодветен софтвер за работа со помош на мозочни бранови. Со помош на оваа безопасна метода, преку компјутерска игра децата успеваат да го подобрат функционирањето на својот мозок, да ја зголемат концентрацијата, да го подобрат помнењето, да постигнат подобри резултати во процесот на учење, да ја намалат својата напнатост, да ги отстранат пречките во говорот и да го подобрат својот психомоторен развој. Вежбите со апаратот за биофидбек овозможуваат усовршување на когнитивните функции на мозокот и неговата работа, а на тој начин се подобрува и функционирањето на целиот организам.
Во логопедскиот кабинет се изведуваат вежби за говорот пишувањето и читањето.
Во психолошкиот кабинет се работи на подобрување на вниманието и концентрацијата, јакнење на волјата и сигурноста во себе и слободување од емоционалната инхибираност.
Во ортооптичко плеоптичкиот кабинет се работи на корекција и подобрување на функциолниот вид, конвергенција и визуелна перцепција.



Oддел за социјална заштита (ИНТЕРНАТ) ги обезбедува пред се, основните егзистенцијални услови за образование и воспитание на учениците надвор од местото на живеење (сместување, исхрана , нега и превентивна здравствена заштита).
Тука , децата со различни пречки во развојот, се стекнуваат со потребни знаења и работно-културно-хигиенски навики.Опфатени се во групи, за кои покрај негувателите кои се грижат за негата, личната хигиена и стварање хигиенски навики кај ученицитe, воспитувачите- недефектолози делуваат на создавање можности за задоволување на индивидуалните потреби , желби и интереси на детето и позитивно исполнување на слободното време . Здравствениот персонал (доктор и медицинска сестра) во континуитет ја пратат здравствената состојба на учениците и обавуваат превентивна здравствена заштита.Социјалниот работник какао застапник на децата и родителите пред надворешни институции и соработници ја координира работата на одделот и воедно претставува мост помеѓу семејството, заводот и локалната заедница.


